ДВАЈЦА ИНСПЕКТОРИ ПОВРЕДЕНИ ПРИ ПРИВЕДУВАЊЕТО ДВЕ МОМЧИЊА ОД СЛУПЧАНЕ КОИ ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО КУМАНОВО

    ДВАЈЦА ИНСПЕКТОРИ ПОВРЕДЕНИ ПРИ ПРИВЕДУВАЊЕТО ДВЕ МОМЧИЊА ОД СЛУПЧАНЕ КОИ ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО КУМАНОВОЧетири момчиња го тргнаа македонското и кренаа знаме на Република Албанија на јарболот во центарот на Куманово, полициски инспектори во цивилка успеаа да фатат двајца од нив (Фото: СДК.МК)

    Две момчиња од село Слупчане, Општина Липково, се приведени во полициската станица на СВР Куманово затоа што го симнале македонското и кренале албанско знаме на јарболот во центарот на Куманово, соопшти вечерва МВР.

    Инцидентот се случил во 15.55 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово забележале неколку лица како го симнуваат државното знаме на Република Македонија од јарболот на улицата Гоце Делчев и поставуваат знаме на Република Албанија. Кога се обиделе да ги легитимираат, полицајците биле нападнати и се повредени по телото. Две од четирите лица побегнале, додека Л.С. (16) и Љ.К. (21) двајцата од Слупчане се приведени во полициската станица на СВР Куманово. За инцидентот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово по чие овластување увидна екипа од СВР Куманово изврши увид на местото на настанот.

    Попладнето знамето на Албанија е извадено, а околу 20 часот поставено е ново македонско знаме.
    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски го осуди инцидентот, но смета дека се работи за изолиран настан кој нема да влијеа врз меѓуетничките односи во општината.

    „Го осудувам инцидентот бидејќи знамето е симбол на суверенитет и интегритет на една држава. Неговото симнување е доказ за вандализам и непочитување на државните симболи, поради општата состојба во државата и политичката хистерија во владеачката партија. Се работи за индивидуален чин, кој нема да влијае на безбедносната состојба во општината и ги повикувам граѓаните да бидат смирени и да не наседнуваат на провокации“, изјави Дамјановски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира