ЕКИПИ ОД „ВОДОВОД“ СО ЦИСТЕРНИ ЈА ИСПУМПУВААТ ВОДАТА ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ

    ЕКИПИ ОД „ВОДОВОД“ СО ЦИСТЕРНИ ЈА ИСПУМПУВААТ ВОДАТА ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕОд „Водовод“ велат се чистат шахти и сливници за канализацијата да може да ја прими водата. (Фото: Водовод и канализација)

    Веднаш по невремето излеговме на терен и интервенираме, велат од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје. Како што соопшти претпријатието, се чистат сливниците и шахтите заради нормална функционалност на атмосферската канализација. Со цистерни се испумпува водата од подвозниците и местата каде имаше поплави и заглавени коли.

    Низ цел град е отежнато движењето оти улиците се поплавени со вода. (Фото: К. Попов)

    „Со активностите спроведени од страна на екипите на претпријатието, ќе се продолжи се додека не се овозможи нормална функционалност во сите делови на градот“, велат од Град Скопје.

    Скопје попладнево го зафати невреме во кое беа поплавени улици, куќи, искршени беа дрвја кои оштетија коли, а откорнати беа и кровови. Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска соопштија дека попладнево е свикан Кризниот штаб на Град Скопје.

    Поплавен е подвозникот под плоштадот „Скендербег“, каде имаше заглавено и коли. (Фото: К. Попов)

    До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира