ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР БЕЗ ОДГОВОР ДО КОГА ЕУ ЌЕ ТОЛЕРИРА БУГАРИЈА ДА НЕ ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ НА СУДОТ ВО СТРАЗБУР, А ДА БАРА ОД МАКЕДОНИЈА ДА ПОЧИТУВА БУГАРСКО МАЛЦИНСТВО

    ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР БЕЗ ОДГОВОР ДО КОГА ЕУ ЌЕ ТОЛЕРИРА БУГАРИЈА ДА НЕ ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ НА СУДОТ ВО СТРАЗБУР, А ДА БАРА ОД МАКЕДОНИЈА ДА ПОЧИТУВА БУГАРСКО МАЛЦИНСТВОПроштека на Гир низ галериските простори на Офицерски дом, каде е изложена и скулптурата на Цар Самоил, дело на вајарот Сотир Димовски. (Фото: СДК.МК)

    Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска во Битола не даде директен одговор на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК до кога ЕУ ќе ја толерира Бугарија, која иако не ги почитува пресудите на судот во Стразбур за малцинските права на Македонците на своја територија, ја кочи Македонија за влез во ЕУ барајќи таа да почитува бугарско малцинство? Евроамбасадорот рече дека прашањето се однесува на билатералните односи меѓу двете земји и дека за пристапните преговори со ЕУ секогаш е од огромна важност да се развиваат позитивни меѓусоседски односи.

    „Од огромна важност е да се направат напори од двете страни Договорот за меѓусоседски односи да се имплементира во добра верба со цел взаемна ползаа на двете држави, она што ние сакаме да видеме е оваа земја да биде оценета врз основа на прогресот што ќе го постигне по патот на реформите, рече Гир во Битола каде потпиша меморандум за соработка со цел отворање на Куќа на Европа во Офицерскиот дом.

    „Најважно е дека постои договор меѓу двеет земји и повеќе од јасно е дека постојат обврски од него кои двете страни ги имаа преземено, договорот за пријателство треба посветено да се имплементира од двете страни. Но, тоа што ние сакаме да видеме е оваа земја да биде оценета врз основа на прогресот што ќе го постигне по патот на реформите, токму напорите треба да бидат фокусирани во тој поглед, а тоа значи креирање на работни места и реформи во енергетскиот сектор, животната средина, владеењето на правото. Ова се прашања кои имаат директно влијание врз животот на граѓаните на оваа земја“, рече Гир.

    Гир и градоначалникот Тони Коњановски потпишаа договор за отворање Куќа на Европа со седиште во Офицерскиот дом, кој беше реставриран со пари од европските фондови. ЕУ куќата треба да биде место каде младите ќе можат да се собираат и да разговараат за прашања поврзани со евроинтеграцијата на Македонија. ЕУ куќи досега се отворени во Скопје, Крива Паланка, Струмица и Велес, а вкупно треба да бидат седум.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира