ФИЛХАРМОНИЈА УТРЕ ЌЕ ГИ СВИРИ ХИТОВИТЕ НА „КВИН“ ВО ПАРК

    ФИЛХАРМОНИЈА УТРЕ ЌЕ ГИ СВИРИ ХИТОВИТЕ НА „КВИН“ ВО ПАРКГрадоначалникот Петре Шилегов, директорот на Македонска филхармонија Виктор Илиески, директорот на МКЦ Русе Арсов и членови на бендот од Србија денеска го најавија утрешниот концерт. (Фото: Град Скопје)

    Македонска филхармонија, хорот на Македонска опера и балер и бендот „Квин рил трибјут“ од Србија ќе ги свират хитовите на рок групата „Квин“, утре во Градскиот парк во Скопје.

    Концерот ќе се одржи на Школка со почетокот во 21 часот, со специјални аранжмани на легендарната рок група за филхармонија и хор. Како што најави градоначачникот Петре Шилегов, покрај голем број граѓани, на концерот ќе присуствуваат и градоначалници од регионот.

    „Продолжуваме со атрактивни содржини во Скопје. Еден од најдобрите трибјут бендови заедно со Филхармионија и хорот на МОБ утре во парк ќе приредат вистинско уживање за граѓаните со хитовите на ‘Квин‘. Задоволство ми е што можеме да им овозможиме на граѓаните вакви настани кои се опозит на досегашниот кич кој им се нудеше“, рече Шилегов.

    Директорот на македонската филхармонија Виктор Илиевски вели дека веќе два дена течат пробите со хорот на МОБ и бендот и дека овој концерт ќе биде одличен завршеток на концертната сезона 2017/2018 година.

    Вечерва пак во рамките на летната културна програма на Град Скопје во парк ќе се одржи кино проекција на отворено на документарниот филм „Со љубов“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари