Фонтаните од проектот „Скопје 2014“ поставени во реката Вардар никој не ги отстранува, иако веќе не функционираат и само собираат ѓубре. Двете фонтани си стојат во коритото на реката, а не работат, односно градските власти не ги пуштаат на лето да прскаат.
Околу нив постојано има собрано ѓубре кое го носи реката, а особено кога водостојот е поголем. Пред неколку години од нив Пожарната бригада извади и мртва крава која беше заглавена меѓу прскалките.
Од Град Скопје велат дека досега не можеле да ги тргнат фонтаните оти биле дел од истрагата што се води за „Скопје 2014′. Побарано било од Обвинителството да се даде дозвола за нивно отстранување и штом ја добијат веднаш ќе се интервенира.
Фонтаните во Вардар беа пуштени во употреба 2011 година. Ги направи италијанската фирма „Ла Моне Мореда“, а за нив Општина Центар, според ревизијата, платила 1,1 милион евра.
А. АНТЕВСКА