ГРАД СКОПЈЕ ДОГОДИНА СО БУЏЕТ ОД 75 МИЛИОНИ ЕВРА, ЗАБАВЕН ПАРК, УНИВЕРЗАЛНА САЛА И НОВИ БУЛЕВАРИ ДЕЛ ОД КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

    ГРАД СКОПЈЕ ДОГОДИНА СО БУЏЕТ ОД 75 МИЛИОНИ ЕВРА, ЗАБАВЕН ПАРК, УНИВЕРЗАЛНА САЛА И НОВИ БУЛЕВАРИ ДЕЛ ОД КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИГрадоначалникот Петре Шилегов кажа дека вкупниот буџет во споредба со 2019 година е зголемен за 12 отсто, од кои 5 отсто е зголемување на основниот буџет, а околу 6 отсто на буџетот за дотации.(Фото: Град Скопје)

    Основниот буџет на Град Скопје за 2020 година ќе биде 75 милиони евра. Вкупниот буџет заедно со дотации, донации и кредити изнесува околу 120 милиони евра.

    Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека вкупниот буџет во споредба со 2019 година е зголемен за 12 отсто, од кои 5 отсто е зголемување на основниот буџет, а околу 6 отсто на буџетот за дотации.

    „Буџетот за 2020 година има развојна компонента, која овозможува Скопје да заликува како што сите го замислуваме. Меѓу капиталните проекти кои ќе се реализираат наредната година се изградбата на нов забавен парк, нова Универзална сала, зелени површини, уредување на тврдината Кале, воведување на смарт сити, одржување на Кејот на реката Вардар, како и реконструкција и изградба на нови булевари“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    За Предлог-буџетот опозицијата во Советот на Град Скопје поднесе 105 амандмани.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари