ГРАД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ПОДИГА ОСТАТОЦИТЕ ОД БЕРБАТА ЗА ДА НЕ СЕ ПАЛАТ СТРНИШТАТА

    ГРАД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ПОДИГА ОСТАТОЦИТЕ ОД БЕРБАТА ЗА ДА НЕ СЕ ПАЛАТ СТРНИШТАТАНа телефонскиот број 071/395-395 можат да се јават земјоделци од целиот Скопскиот Плански Регион, не само од општините кои се под надлежност на Град Скопје; - Од ланската акција (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје и годинава ќе организира бесплатно собирање на остатоците од бербата за да се спречи палењето на стрништа. На телефонскиот број 071/395-395 можат да се јават земјоделци од целиот Скопскиот Плански Регион, не само од општините кои се под надлежност на Град Скопје.

    По пријавувањето, Град Скопје ќе испрати камион со кој ќе се соберат остатоците од бербата, кои потоа ќе се компостираат.

    „Минатата година, оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и со гордост можам да кажам дека постигнавме одлични резултати. Тоа нè охрабри кампањата да ја повториме и оваа година и да ја прошириме на повеќе нивоа. Во текот на 2019 година, бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад“, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

    Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, како дополнителна мотивација оваа година на сите земјоделци кои ќе се јават на телефонскиот број, во сезоната на садење ќе им се доделат околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми собран отпад.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира