ГРАД СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ ГЛАВНИОТ ИНСПЕКТОР БОГДАНОВСКИ КОЈ СТАНА ПРАТЕНИК, ВЕЛИ ЌЕ РАБОТИ НА ЗАКОН ЗА КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА И ОДВРЗАНИ РАЦЕ НА ИНСПЕКЦИИТЕ

    ГРАД СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ ГЛАВНИОТ ИНСПЕКТОР БОГДАНОВСКИ КОЈ СТАНА ПРАТЕНИК, ВЕЛИ ЌЕ РАБОТИ НА ЗАКОН ЗА КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА И ОДВРЗАНИ РАЦЕ НА ИНСПЕКЦИИТЕ„Проблемите со кои се соочувавме во пракса во Инспектпратот на Град Скопје ќе работам во иднина инспекторатите да ги немаат.(Фото: СДК.МК)

    Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски стана пратеник во новиот собраниски состав и повеќе не е дел од инспекцискиот тим на градоначалникот Петре Шилегов.  Главниот инспектор на Градот Богдановски, како кадар на ДОМ беше девети на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица. Откако носителите на листата Никола Димитров и Мила Царовска беа предложени за министри во новиот владин состав, тој како следен на листата влезе во Собранието.

    Богдановски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека од Собранието ќе ја продолжи борбата за здрава животна средина и чист воздух, а на Градот ќе му помога со тоа што ќе работи на измена на законите поради кои во изминатиов период се соочувале со потешкотии во работењето.

    „Стандардите во работата на Инспекторатот на Град Скопје ги подигнавме на повисоко ниво. Вработивме нови инспектори, набавивме нови возила за да можеме да сме постојано на терен и го направивме Инспекторатот полесно достапен за граѓаните и отворен за невладините организации. Сега борбата ја продолжувам во Собранието. Проблемите со кои се соочувавме во пракса ќе работам во иднина инспекторатите да ги немаат. Преку измена на закони да им дадеме одврзани раце на инспекторите. Законот за комунална полиција, кој уште пред една година го изработивме во Град Скопје, сега ќе се залагам што побрзо да влезе во собраниска процедура. Исто така ќе работам и на тоа да се зголемат буџетите на општината за чистење на дивите депонии. Тоа е проблем кој се таложел со години и општините не се моќни финансиски сами да ги решат овие проблеми. Сметам дека е потребно и зголемување на казните за сите оние кои создаваат диви депонии и придонесуваат во загадувањето“, вели Богдановски.

    Богдановски по формирањето на владата на СДСМ и ДУИ во 2017 беше поставен за директор на Државниот инспекторат за животна средина. Во јуни 2018 година станува дел од тимот на градоначалникот Петре Шилегов како раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира