ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД РЕШИ ЗА АПРИЛ И МАЈ ДА ЗЕМЕ ПЛАТА ОД 14.500 ДЕНАРИ, ОСТАТОКОТ ЌЕ ГО ДОНИРА ВО ЦРВЕН КРСТ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД РЕШИ ЗА АПРИЛ И МАЈ ДА ЗЕМЕ ПЛАТА ОД 14.500 ДЕНАРИ, ОСТАТОКОТ ЌЕ ГО ДОНИРА ВО ЦРВЕН КРСТ„Упатувам апел до сите носители на јавни функции да го следат овој пример. Само со лична одговорност можеме да дадеме придонес во оваа специфична ситуација. Секој поединец може да придонесе“, напиша градоначалникот Константин Георгиески. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески одлучил за април и мај да земе плата од 14.500 денари, а останатите средства од нето платата ќе ги уплати на сметка на Црвениот крст во Охрид. Тој одлука ја објави синоќа на својата фејсбук страница.

    „Поради лична желба, одговорност и солидарност во овие моменти, кога сите капацитети и ресурси се насочени кон побрзо надминување на кризата со коронавирусот КОВИД-19, сакам да ја информирам јавноста дека и покрај денешната одлука на Уставниот суд, за месеците април и мај ќе подигнам плата од 14.500 денари, а останатите средства до целиот износ на нето платата, ќе ги уплатам на сметка на Црвен Крст Охрид за обезбедување на прехранбени пакети за социјално-ранливите семејства од нашата општина“, напиша градоначалникот Георгиески.

    Тој упати апел и до останатите носители на јавни функции.

    „Упатувам апел до сите носители на јавни функции да го следат овој пример. Само со лична одговорност можеме да дадеме придонес во оваа специфична ситуација. Секој поединец може да придонесе. Да продолжиме посветено да ги почитуваме сите препораки, да бидеме совесни и одговорни, бидејќи од нас завис”, напиша Георгиески.

    Уставниот суд вчера одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на Уредбата на Владата, со која беа сведени на минималец од 14.500 денари месечна плата уставните судии, сите судии и обвинители, пратениците, советници во општините, директори и други раководни лица, само за април и мај, како една од мерките за справување со кризата предизвикана од коронавирусот. Уредбата на владата, која засега 2.060 функционери, е времено стопирана до конечната одлука на Уставниот суд.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира