ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ И ДЕНЕС ПОЛН СО ВОЗИЛА, ПАЈАКОТ КРЕНА 8 КОЛИ

    ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ И ДЕНЕС ПОЛН СО ВОЗИЛА, ПАЈАКОТ КРЕНА 8 КОЛИГраѓаните кои ќе забележат непрописно паркирани возила, истите може да ги пријават на телефонскиот број 071/230-655, велат од Град Скопје.

    Градскиот парк во Скопје и денеска беше полн со коли. Испаркирани автомобили имаше низ пешачките патеки и зеленилото во паркот.

    За разлика од минатиот викенд кога полицијата и пајак службата на Град Скопје ги немаше, денеска тие беа на терен. Како што соопштија од Градот, до 15 часот подигнати се 8 непрописно паркирани возила.

    „Екипи на ЈП ’Градски паркинг‘ по налог на Град Скопје денеска ги острануваат непрописно паркираните возила во Градскиот парк. Градот Скопје ги известува граѓаните дека и во иднина нема да толерира непрописно паркирање и узурпација од возила на јавните површини. Екипите на ЈП ‘Градски паркинг‘ во наредниот ќе продолжат со редовните контроли на терен, а граѓаните кои ќе забележат непрописно паркирани возила, истите може да ги пријават  на телефонскиот број: 071 230-655“, велат од Град Скопје.

    Казната за непрописно паркирање на пешачки патеки е 2.500 денари, додека за во зеленило 3.500 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Фото: Твитер/@karambabaramba

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира