ИМАВМЕ ДОЛГ ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД, ПА НАГЛО ЗАТОПЛУВАЊЕ ШТО ДОВЕДЕ ДО РАСПЛОДУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    ИМАВМЕ ДОЛГ ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД, ПА НАГЛО ЗАТОПЛУВАЊЕ ШТО ДОВЕДЕ ДО РАСПЛОДУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВШилегов смета дека Град Скопје соодветно реагирал со тоа што беше зголемен интензитетот односно наместо два дена како што е пракса овој пат се прскаше 4 дена. (Фото: СДК.МК)

    Имавме долг врнежлив период и нагло затоплување, што доведе до масовна појава на комарци, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

    Шилегов смета дека Град Скопје соодветно реагирал со тоа што беше зголемен интензитетот односно наместо два дена како што е пракса овој пат се прскаше 4 дена.

    „Годинава имавме климатски услови кои придонесоа интензивно да се појават комарците. На 1 јули температурата беше 18 степени и врнеше, имавме долг врнежлив период. Наглото затоплување и сушењето претставува основ за расплодување на комарците. Заради таквата масовна појава на комарци иако претходно два пати прскавме, дадовме поголем интензитет за да го заштитиме здравјето на граѓаните. Средството кое го користиме не влијае на здравјето на луѓето, направена е анализа. Ние не можеме да ги предвидиме природните појави ниту временските услови, но можеме соодветно да реагираме. Интензивното прскање 4 дена придонесе таа експанзија на комарци да исчезне“, рече Шилегов.

    Градоначалникот Шилегов денеска ја најави акцијата за чистење на градот. Во наредниот период по една недела ќе се чисти општина по општина. Ангажирани се вработените и механизацијата на сите јавни претпријатија, лицата за чистење кои се ангажирани од Општините, како и 110 вонредно ангажирани лица.

    „Ние го слушаме гласот на граѓаните дека градот треба да биде почист и наша должност е да го чистиме, но обврска и право на секој граѓанин е да придонесе тоа да остане чист. Нашиот императив е да ја пречекаме зимата со чисти улици, со помалку прашина затоа што ни престои зима каде се очекува загаден воздух“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира