ИЗГОРЕА ТРИ ДЕЦА ВО ПОЖАР ВО ВЕЛЕС

    ИЗГОРЕА ТРИ ДЕЦА ВО ПОЖАР ВО ВЕЛЕСКуќата се наоѓа во шума во тешко пристапен терен, отсечена од најблиските објекти до Велес. (ФОТО: СДК.МК)

    Три деца попладнево изгореа во пожар што избувнал во нивната куќа, која се наоѓа под ридот Вршник во Велес. Според првичните информации од надлежните, пожарот избувнал околу 15.30 часот, кога родителите биле отсутни од домот.

    Куќата се наоѓа во шума во тешко пристапен терен, отсечена од најблиските објекти до Велес. Според првичните информации, семејството е социјално загрозено, а во објектот долго време немало ниту вода ниту електрична енергија.

    Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира