ЌЕ ИМА КАЗНИ АКО ЧАДИ ОЏАКОТ, А ЗЕЛЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР, КАЖАА ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ

    ЌЕ ИМА КАЗНИ АКО ЧАДИ ОЏАКОТ, А ЗЕЛЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР, КАЖАА ЗАЕВ И ШИЛЕГОВГрадоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев денеска на увидот на спроведување на акцијата за замена на нееколошките начини на греење најавија дека инспкеторите ќе бидат на терен и ќе проверуваат кој продолжува да загадува и покрај тоа што добил државна помош за замена на начинот на загревање на домот.(Фото: Град Скопје)

    Граѓаните кои и покрај тоа што добиле субвенции за инвертери од 1.000 продолжиле да се греат на дрва, нафта или мазут ќе бидат казнети и парите ќе ги вратат. Градоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев денеска на увидот на спроведување на акцијата за замена на нееколошките начини на греење најавија дека инспекторите ќе бидат на терен и ќе проверуваат кој продолжува да загадува и покрај тоа што добил државна помош за замена на начинот на загревање на домот.

    „Многу лесно се проверува тоа. Инспекторите ќе дојдат до куќата и гледа дали оџакот чади. Ако чади тогаш ќе се постапува. Верувам дека инспекторите ќе постапуваат и ќе вршат контроли“, кажа премиерот Заев.

    Во пунктот во Карпош 3 каде граѓаните денеска ги оставаа своите печки на дрва или нафта, забележливо беше дека голем дел од нив беа многу стари и речиси неупотребливи.

    Градоначалникот Шилегов кажа дека во условите на повикот стои дека во наредните две години инспекциите на Град Скопје имаат право да вршат увид дали ги граѓаните кои добиле субвенции ги употребуваат инвертерите или се греат на дрва.

    „Граѓаните да бидат совесни оти ќе бидеме ригорозни во казнување на оние кои ќе ја злоупотребат оваа акција. Покрај тоа што ќе ги вратат парите, согласно законот може да изречеме прекршочни казни кои се движат од 50 до 500 евра по домаќинство и плус може да биде поведена друга соодветна постапка. Бидејќи се државни пари тоа е кривично дело за кое што се оди и во затвор“, рече Шилегов.

    Град Скопје доби од Владата 5,2 милиони евра за субвенционирање на домаќинствата за промена на начинот на загревање на домовите, како една од мерките во борбата против загадувањето.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира