ЌЕ СЕ СТАВААТ НАЛЕПНИЦИ НА СЕДИШТАТА ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ НА КОИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЕДИ

    ЌЕ СЕ СТАВААТ НАЛЕПНИЦИ НА СЕДИШТАТА ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ НА КОИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЕДИОткако Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која во јавниот превоз е дозволено бројот на патници да биде најмногу до 50 отсто од капацитетот на возилата, од претпријатието со ленти на седишта ќе се спроведе мерката за држење растојание. (Фото: К. Попов)

    Ќе се ставаат налепници на седиштата во автобусите на ЈСП „Скопје“ за да се овозможи растојание меѓу патниците. Откако Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која во јавниот превоз е дозволено бројот на патници да биде најмногу до 50 отсто од капацитетот на возилата, од претпријатието најавуваат дека ќе ги бележат седиштата на кои не смее да се седи.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека граѓаните треба да ја почитуваат мерката за задолжително носење маска кога го користат јавниот превоз и ќе се засилат контролите.

    „Возачите и контролорите нема да дозволуваат во автобусите да се возат граѓани кои немаат заштитни маски. Ќе се внимава и на одржување на растојанието, ќе се залепат налепници. Сметам дека сега откако повторно беше укинат бесплатниот превоз за возрасни лица немаме гужви во автобусите. Наутро имаме зголем број линии, а преку ден и навечер автобусите се празни. Секој од нас треба да има лична одговорност и да се придржува на мерките и препораките за заштита од вирусот“, вели Шилегов.

    Од ЈСП „Скопје“ велат дека автобусите секој ден се дезинфицираат откако почна епидемијата на КОВИД-19.

    Од почетокот на епидемијата досега, поради намалениот број на патници загубата на претпријатието е 3,5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира