КОГА ИДАТ ИЗБОРИ СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ ВЕСТИ, НЕ ОД МЕДИУМИ, ТУКУ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ПОЛИТИЧАРИ, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ЗА ЛАЖНАТА ПРИЈАВА ДЕКА Е ИСЧЕЗНАТО ДЕТЕ ОД КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР

    КОГА ИДАТ ИЗБОРИ СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ ВЕСТИ, НЕ ОД МЕДИУМИ, ТУКУ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ПОЛИТИЧАРИ, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ЗА ЛАЖНАТА ПРИЈАВА ДЕКА Е ИСЧЕЗНАТО ДЕТЕ ОД КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАРСпасовски денес во Битола изврши увид во реализацијата на проектите за подобрување на работните услови на полицијата. (Фото: СДК.МК)

    Последната лажна вест за исчезнато дете од Клиничкиот центар во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја поврза со периодот на предизборие зашто и во изминатите години пред избори се случувале лажни вести. Тој рече дека ова не е работа која ја шират медиумите и медиумските работници во Македонија, туку лица на социјални мрежи или политичари и политички партии кои од секој можен аспект гледаат како да направаат некаква штета, а тоа не е шетета на поединци туку на државата.

    „Aко погледнеме низ ретроспектива, кога доаѓа време за избори во државата ни се случуваат лажни вести кои се мотивирани од одредени личности и структури. Не мора тоа да бидат само политички мотивации, туку и од други апсекти. Пред три години, кога имаше избори почнуваа да се отвораат теми за мигранти, грабнување на деца. И пред неколку дена имавме лажна пријава за грабнување деца. Беше приведен стористелот и го призна делото. Сега имаме нова лажна вест, наводно има исчезнато дете што е апсолутно лажно“, рече Спасовски.

    Тој додаде дека лицето што ја пријавило лажна веста е приведено и ќе сноси најголема одговорност. Апелираше никој да не се служи со лажни вести кои предизвикуваат немир кај граѓаните зашто ќе има најжестока реакција од институциите. Им се заблагодари на медиумите за придонесот што го даваат во надминувањето на лажните вести.

    Прашан зошто лажните вести најчесто се однесуваат на активности поврзани со работата на МВР , Спасовски одговори дека секогаш каде што има резултати и многу подобрување на работите има обиди за девалвација. Тој денес во Битола изврши увид во реализацијата на проектите за подобрување на работните услови на полицијата, меѓу кои и реконструираната полициска зграда која чинеше 7 милиони денари, поставените соларни панели и клима уреди во објектот и други инвестиции.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира