КОЛАТА КОЈА ПАДНА ВО ВАРДАР Е НА БОЛНИЦАТА „СИСТИНА“, НЕМАЛО ПАТНИЦИ, ВЕЛАТ ОД ПОЖАРНА

    КОЛАТА КОЈА ПАДНА ВО ВАРДАР Е НА БОЛНИЦАТА „СИСТИНА“, НЕМАЛО ПАТНИЦИ, ВЕЛАТ ОД ПОЖАРНАПожарникарите велат дека возилото било паркирано на паркингот на болницата и најверојатно некој се обидел да го украде, па завршило во Вардар. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Колата која утрово падна во реката Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата „Систина“ е извадена. Екипите на Бригадата за противпожарна заштита и Министерството за внатрешни работи го извлекоа возилото и велат дека немало патници во него.

    „Возилото е на болницата ‚Систина‘. Додека нашите екипи го извлекуваа, вработени во обезбедувањето ни кажаа дека е нивно и било паркирано на паркингот. Најверојатно некој се обидел да го украде, па завршило во Вардар“, вели Владимир Симоновски, командир на скопската Пожарна.

    Утрово околу 8 часот случајни минувачи на кејот пријавиле во МВР дека забележале возило во коритото на Вардар.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари