ЛЕВИЦА ЌЕ ГО РАКОВОДИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ, ВО ЦЕНТАР НЕ БЕШЕ ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ЛЕВИЦА ЌЕ ГО РАКОВОДИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ, ВО ЦЕНТАР НЕ БЕШЕ ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛЗа разлика од другите општини каде претседатели на Советите се избраа на првата седница во Центар избор немаше. (Фото: Општина Центар)

    Советникот од редовите на Левица Бранко Ристов е избран за претседател на Советот на Општина Карпош. На денешната конститутивна седница, мнозинството во Советот формирано од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ГРОМ, го избра Ристов да раководи со Советот на Општината. Советниците на првата седница избраа претседатели и членови на 11 комисии преку кои треба да се разгледуваат сите одлуки кои ќе ги носи Советот.

    Во Советот на Општина Карпош СДСМ има 8 советници, ВМРО-ДПМНЕ 7, Левица 4 и по два советници имаат ГРОМ и независната советничка група „Независни за Карпош“.

    Денеска конститутивна седница одржа и Општина Центар, каде исто така градоначалникот Горан Герасимовски беше избран во вториот изборен круг. Но, за разлика од другите општини каде претседатели на Советите се избраа на првата седница, во Центар избор немаше. Откако советниците ги дадоа свечените изјави, советникот од СДСМ Гордан Симоновски како претседател на верификационата комисија, побара седницата да се прекине и за точката избор на претседател на Советот да се расправа во наредниот период кога повторно ќе се закаже.

    Во Советот на Општина Центар ниту една партија нема мнозинство, а досега не е најавено ниту коалицирање. СДСМ имаат 9 советници, ВМРО-ДПМНЕ 8 и по три независната листа на граѓани „Шанса за Центар“ и Левица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира