НА МЕСТОТО НА КУЌИТЕ НА УЛИЦА ЖЕЛЕЗНИЧКА ЌЕ ИМА ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ СО ДОМУВАЊЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМА КАТНОСТ

    НА МЕСТОТО НА КУЌИТЕ НА УЛИЦА ЖЕЛЕЗНИЧКА ЌЕ ИМА ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ СО ДОМУВАЊЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМА КАТНОСТОвој план го опфаќа просторот зад Старата железничка станица и поголеми промени освен зградата на местото на куќите нема, бидејќи од претходнота власт на ВМРО-ДПМНЕ нацртани се маркички за сите градежните парцели, истите се продадени, издадени се решенија за градба и веќе се градат објектите; - Од јавната анкета која ќе трае до 14 август. (Фото: К.Попов)

    На местото на куќите на улицата Јордан Мијалков (Железничка) зад ТЦ „Рамстор“ ќе се гради трговски центар. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план Стара железничка станица, за кој јавната анкета на која граѓаните можат да ги достават забелешки ќе трае до 14 август.

    Овој план го опфаќа просторот зад Старата железничка станица и поголеми промени во него нема, бидејќи од претходнота власт на ВМРО-ДПМНЕ нацртани се маркички за сите градежните парцели, истите се продадени, издадени се решенија за градба и веќе се градат објектите.

    Единствена измена во планот е просторот каде се наоѓаат дваесетина куќи. Со претходниот план на овој простор кој е приватен имот било предвидено зеленило, но поради барањата на граѓаните кои со години живеат овде, се врши измена и се вцртува маркичка за големи трговски единици Б2, во која 40 отсто може да биде со намена домување.

    „Со претходниот план од целото државно земјиште во овој дел, зеленило се вцртува на местото каде е приватен имот. Според постојниот Генерален урбанистички план, за овој простор нема предвидено намена домување, туку само деловни објекти. Затоа ова е единствен начин да им овозможиме на овие луѓе да го решат домувањето. Предвидуваме катност од приземје плус 5 ката“, велат од Општина Центар.

    Граѓаните кои имаат имоти и куќи на овој простор на јавната презентација на планот бараа поголема катност на објектот за да можат да добијат поголема квадратура од идниот инвеститор.

    „Зошто објектот до нас има поголема катност, а ние добиваме најмала од сите објекти кои се дигнаа и допрва ќе се градат тука? Друг проблем е што 6 метри од мојот двор не влегува во градежната парцела, бидејќи се предвидува проширување на улицата. Со ваква катност и дел од дворот земен за улица, јас ќе добијам само една гарсониера. Тоа нема да го дозволам“, рече сопственичка на имот на овој простор.

    Од Општината им рекоа сите нивни забелешки да ги наведат во анкетниот лист, по што ќе тие ќе се разгледаат.

    На овој простор ќе се градат зградите на турската компанија „Лимак“ над подземната улица на Јужен булевар. Маркичка за објект е нацртана и до зградата на Стара железничка станица, кој 51 отсто треба да има намена култура, а 49 проценти комерцијална намена.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари