НАМЕСТО МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ, СОВЕТНИЦИТЕ ВО ЦЕНТАР СЕ КАРАА КОЈА ПАРТИЈА ПОМАЛКУ СРАБОТИЛА

    НАМЕСТО МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ, СОВЕТНИЦИТЕ ВО ЦЕНТАР СЕ КАРАА КОЈА ПАРТИЈА ПОМАЛКУ СРАБОТИЛАНа седницата беа повикани и граѓани и граѓански организации, кои чекаа да завршат партиските препукување за да постават прашања да градоначалникот и да предложат мерки. По два часа карања на советниците, граѓанските иницијативи ја напуштија седницата. (Фото: архивска форографија Општина Центар)

    Советниците во Општина Центар на денешната вонредна седница за мерки против загадувањето, наместо за тоа се караа и препукуваа меѓу себе. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ велеа  дека владејачката партија дошла на власт токму поради ветувањата дека ќе го решат проблемот, а ништо две години не направиле. Советниците од СДСМ пак им одговараа дека опозициската партија со проектот Скопје 2014 го уништила градот и зеленилото.

    На седницата беа повикани и граѓани и граѓански организации, кои чекаа да завршат партиските препукување за да постават прашања да градоначалникот и да предложат мерки. По два часа карања на советниците, граѓанските иницијативи ја напуштија седницата.

    „Не слушнавме ниту мерка, ниту ни се дава шанса за дискусија и дебата. И писмено доставивме прашања дали Општина Центар има листа на загадувачи и дали се вршат мерање на терен“, вели Ели Пешева од Иницијатива О2.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ рече дека имало контроли за сервиси за автомобили и автоперални, при што било констатирано дека не загадуваат и соодветно го третираат отпадот при работата. Богдановиќ единствена мерка која ја најави е воведување поскап наркинг во деновите кога има висока загадување, по примерот на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира