НАРЕДНИВЕ ДЕНОВИ ЌЕ ИСПЛАТИМЕ ПЛАТА, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“ ОТКАКО ВОЗАЧИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА НЕМА ДА ВОЗАТ

    НАРЕДНИВЕ ДЕНОВИ ЌЕ ИСПЛАТИМЕ ПЛАТА, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“ ОТКАКО ВОЗАЧИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА НЕМА ДА ВОЗАТОд претпријатието проблемот со доцнењето на платата го посочуваат во тоа што центарлната власт и дел од општините не платиле за организиран превоз за одредени категории граѓани.(Фото: СДК.МК)

    Вработените во наредниве денови ќе добијат плата и нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз, велат од ЈСП „Скопје“ откако денеска возачите се заканија дека нема да возат.

    Од претпријатието проблемот со доцнењето на платата го посочуваат во тоа што централната власт и дел од општините не платиле за организиран превоз за одредени категории граѓани.

    Со парите за организиран превоз за одредени категории патници се исплаќа платата за вработените во ЈСП. Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието“, велат од ЈСП.

    Оттаму додаваат дека и покрај економската криза и постојаниот раст на цената на горивата од претпријатието Скопје нема да остане без јавен превоз, ниту ќе се покачи цената на билетите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира