НАУТРО ЌЕ ИМА МАГЛА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ВЛАГА ВО ВОЗДУХОТ, НЕ Е ЗАГАДУВАЊЕ, ВЕЛАТ ОД ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИОТ ЗАВОД

    НАУТРО ЌЕ ИМА МАГЛА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ВЛАГА ВО ВОЗДУХОТ, НЕ Е ЗАГАДУВАЊЕ, ВЕЛАТ ОД ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИОТ ЗАВОДСиноптичарите велат дека утрово во Скопје имаше магла која се појавува кога имаме стабилна временска состојба, присуство на влага во воздухот, а нема струење на воздухот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Утрово белиот облак над Скопје не беше поради загадување на воздухот, туку имаше магла, што е нормална појава во овој период од годината за котлините, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

    Во овој период од годината,  наутро од планината Водно градот Скопје не се гледа бидејќи е покриен со бел облак, за кој коментарите се дека е резултат на загадувањето на воздухот. Но, синоптичарите објаснуваат дека ваквите појави се нормални за Скопје и постарите граѓани знаат дека секогаш во зима во главниот град имало маглa.

    „Ова што утрово го имавме е магла која се појавува кога имаме стабилна временска состојба, присуство на влага во воздухот, а нема струење. Поради тоа се создава магла не само во Скопската котлина, туку утрово таква беше состојбата и во Струмица и Тетово. Кога немаме струење на воздухот, а имаме влажност, во пониските делови се појавува магла, а во повисоките сонце. И утре претпладне исто така ќе имаме магла, но во текот на денот ќе има појава на ветер и ќе се расчисти“, вели Ленче Ризова, синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира