ОД ДЕНЕС ДО ПОНЕДЕЛНИК КРСТОСНИЦАТА КАЈ СОБРАНИЕ ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ОД ВТОРНИК ГУЖВИ ЌЕ НЕМА

    ОД ДЕНЕС ДО ПОНЕДЕЛНИК КРСТОСНИЦАТА КАЈ СОБРАНИЕ ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ОД ВТОРНИК ГУЖВИ ЌЕ НЕМАГрадоначалникот Петре Шилегов вели дека ќе се искористи празничниот продолжен викенд за целосно да се заврши улицата 11 Октомври и поголем дел од улицата Васил Ѓоргов, по што метежот од вторник во центарот на градот ќе го нема.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Од денес до понеделник попладне поради градежни работи затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај Собранието односно меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев. Како што информираат од Град Скопје за сообраќај ќе биде дозволено само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11 Октомври и од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.

    Автобуските од јавниот превоз поради асфалтирање на крстосницата нема да минуваат низ Рекорд туку ќе се превоз ќе се движат по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.

    Од вчера затворена за сообраќај е и улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец. Движењето на возилата е пренасочено по улицата Народен фронт.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека ќе се искористи празничниот продолжен викенд за целосно да се заврши улицата 11 Октомври и поголем дел од улицата Васил Ѓоргов, по што метежот од вторник во центарот на градот ќе го нема.

    „Една по една улиците се завршуваат. Не постои начин да реконструирате инфраструктура, а да не го пореметите секојдневието на граѓаните. Гужвите кои траат 20 дена ќе поминат, а ќе имаме здрава инфраструктура. Нервоза кај граѓаните има ако некој им ги раскопа улиците и не работи ништо околу тоа како што беше во минатото кога Партизанска се правеше 8 месеци, Теодосиј Гологанов две години. Ние сега во рекордно време завршуваме и затоа граѓаните имаат разбирање, рече Шилегов.

    Град Скопје есенва почна да реконструира десетина улици низ Скопје меѓу кои и источниот влез на Скопје, односно булеварот Александар Македонски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира