НА 50 ГОДИНИ ПОЧИНА ДОКТОР ОД ТЕТОВО ОД КОВИД-19

    НА 50 ГОДИНИ ПОЧИНА ДОКТОР ОД ТЕТОВО ОД КОВИД-19Доктор Владимир Евтимовски е вторае втор лекар од Клиничката болница во Тетово кој починал од Ковид-19. Во јули почина неговиот колега уролог Арификмет Деари (Фото: СДК.МК)

    На 50-годишна возраст, како последица од компликации од коронавирусот, вчера почина д-р Владимир Евтимовски од Тетово. Тој работеше како радиолог-рентгенолог во Клиничката болница во Тетово.

    Неговите колеги кажуваат дека болеста кај д-р Ефтимовски траела кратко. Симптомите ги почувстувал во понеделникот, а позитивниот тест го добил веќе наредниот ден. Набрзо состојбата нагло му се влошила, по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, каде вчера починал. Имал неколку хронични заболувања.

    Доктор Евтимоски речиси 20 години беше дел од јавното здравство, сопруг и татко на две деца.

    Ова е вториот починат лекар од ковид-19 во Тетово. Во јули годинава, како последица од компликации од коронавирусот почина и 64-годишниот доктор Арификмет Деари, уролог од Тетовската државна болница.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира