ОНЛАЈН НАСТАВА ПОБАРАЛЕ И ВЕЛЕШКИ УЧИЛИШТА СО ПЕТ ДО ДЕСЕТ УЧЕНИЦИ ВО КЛАС ОТИ МАЛИ СЕ УЧИЛНИЦИТЕ

    ОНЛАЈН НАСТАВА ПОБАРАЛЕ И ВЕЛЕШКИ УЧИЛИШТА СО ПЕТ ДО ДЕСЕТ УЧЕНИЦИ ВО КЛАС ОТИ МАЛИ СЕ УЧИЛНИЦИТЕСите четири средни училишта побарале да се одржува онлајн настава; - Гимназијата во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Иако во одделенијата има од пет до 12 ученици, училишта во Велес побарале да има онлајн настава, соопшти локалната власт за тоа каква настава ќе има во велешките основни и средни училишта среде пандемијата со ковид-19. Повеќето основни школи ќе имаат физичка настава до трето, освен во „Блаже Конески“ каде ќе има и за четврто одделение.

    Во  „Стоја Стојчевски-Буридан“ во село Иванковци училиштето побарало за сите паралелки до деветто одделение да има настава со физичко присуство, таму одделенијата бројат не повеќе од 10 ученика. Сите четири средни училишта побарале да се одржува онлајн настава. Во Хемиското има девет класа со помал број од минимално дозволениот, некои бројат и по 11 и 12 ученици, а во Економското сите 18 паралелки се со помал број на ученици од минималниот, а пет имаат помалку од десет ученици – со по пет, шест и седум ученика, па сепак директорите побарале наставата да не биде физичка.

    „Поборник сум наставата да се одвива во живо и секаде каде може треба да се одржува така. За жал, во некои училишта училниците се мали, не ги задоволуваат критериумите колку метри квадратни површина треба да има по ученик, колку метри кубни воздух треба да има по ученик, можеби тоа е една од причините за барање онлајн настава. Се согласувам таму каде има мал број ученици наставата да се изведува со физичко присуство, на што ѝ укажав и на директорката на Економското училиште“, вели градоначалникот Аце Коцевски.

    Единствено во основонот училиште „Панко Брашнар“ ќе има настава во три смени, од 7 до 19:35 часот, во сите останати ќе има во две или една смена.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира