Општина Кисела Вода ќе купува 3.000 маски за заштита од ПМ 2.5 честички. Општината вчера објави оглас за набавка на маски за заштита на жителите на Кисела Вода во деновите кога во Скопје има високо аерозагадување.
Од Општина Кисела Вода велат дека ова е втора година како набавуваат маски за заштита од ПМ 2.5 честички и ќе бидат доделени на децата од градинките.
„2.500 маски ќе се поделат на децата од градинките на територијата на Општина Кисела, а 500 на учениците од ‚Златен Сремец‘ и Домот за слепи лица. Маските ќе бидат најсовремени односно ќе имаат спреј филтер и ќе овозможат заштита на најмладите во деновите со високо загадување“, велат од Општина Кисела Вода.
Од Општината велат дека тендерот ќе заврши кон средината на декември и до крајот на месецот маските ќе бидат поделени.
А. АНТЕВСКА