ОПШТИНА ТЕТОВО ЈА УКИНА ЗАБРАНАТА ЗА МЕЃУГРАДСКИ И ЛОКАЛЕН ПРЕВОЗ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ЈА УКИНА ЗАБРАНАТА ЗА МЕЃУГРАДСКИ И ЛОКАЛЕН ПРЕВОЗОдлуката за забрана на превозот беше донесена на почетокот од вонредната состојба заради заштита од ширење на корнавирусот; - Кризниот штаб на Општина Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Кризниот штаб на Општина Тетово ја укина одлуката која со која се забрани одвивањето на меѓуградскиот и локалниот јавен превоз од и кон Општина Тетово. Одлуката беше донесена на почетокот од вонредната состојба заради заштита од ширење на корнавирусот.

    „Според нашата анализа, со престанувањето на вонредната состојба автоматски престанува да важи и забраната за одвивање на меѓуградскиот и локалниот јавен превод од и кон Општина Тетово, која беше донесена на почетокот од вонредната состојба. Таа одлука веќе нема правна сила, па меѓуградскиот организиран транспорт може да продолжи, но со строго почитување на заштитните протоколи од страна на превозниците“, изјави градоначалничката Теута Арифи.

    Според Арифи, тетовската Клиничка болница засега располага со доволни капацитети и кадар за да одговори и на зголемениот број заразени лица.

    „Денеска опсежно бевме информирани за здравствените капацитети на Клиничката болница. Сега тука работат 7 инфектолози и друг персонал, што значи дека сме доволно екипирани и има доволно просторни можности и доволно апаратура за кислородна поддршка. Така, капацитетите кои ги има оваа Клиничка болница за овој терен и за овој број заразени лица се задоволителни. Сега, со овој број заболени лица, Тетово не е во состојба да даде помош на другите здравствени установи од државата, но откако ќе заврши овој бран со задоволство би им помогнале на другите здравствени инситуции ако за тоа се јави потреба. Сега во нашата болница има хоспитализирано 11 пациенти, а имаме капацитет од 70 кревети со можност капацитетите за уште толку да се зголемат ако се јави потреба од тоа“, вели Арифи.

    Според последните податоци, во Тетово и околните општини се регистрирани 17 нови случаи со КОВИД-19, со што вкупниот број на дијагностицирани лица изнесува 430. Од овој број досега се излечиле 144 лица, а 28 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 258. Досега, во Општина Тетово има регистрирано 246 заболени лица од кои 11 починале, Општина Боговиње 65 (починати 7), Општина Теарце 48 (починати 2), Општина Бервеница 27 (починат 1), Општина Јегуновце 26 (3 починати) и Општина Желино 18 заразени (починти 4 лица).

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари