ОПШТИНА ЦЕНТАР И РУСКАТА АМБАСАДА ЌЕ ПРАВАТ ПАРК ЗА ЖРТВИТЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР И РУСКАТА АМБАСАДА ЌЕ ПРАВАТ ПАРК ЗА ЖРТВИТЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАГрадоначалникот Саша Богдановиќ и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздикин денеска засадија дрвца на просторот зад Универзална сала во Скопје, кој треба да прерасне во парк. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар заедно со амбасадата на Русија ќе прават парк во чест на жртвите во Втората светска војна, зад Универзална сала во Скопје.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздикин денеска засадија дрвца на просторот кој треба да прерасне во парк, а се наоѓа во близина на спомен-обележје кое годинава беше поставено во чест на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот.

    „Предлог на Општина Центар е паркот да биде именуван ‘Парк на сеќавањето‘, кој ќе служи како потсетник на младите генерации за жртвите коишто биле дадени во Втората светска војна“, рече градоначалникот Богдановиќ.

    Амбасадорот Баздикин кажа дека активноста е во рамки на настаните по повод 75-годишнината од Големата победа.

    К. СЕЛАМОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира