„ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ДОБИ 400.000 ЕВРА СУБВЕНЦИИ ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТИ НЕМА ПАРИ ЗА ПЛАТА, „ЛАЈКА“ 113.000 ЕВРА ЗА ДА ПЛАТИ СМЕТКИ

    „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ДОБИ 400.000 ЕВРА СУБВЕНЦИИ ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТИ НЕМА ПАРИ ЗА ПЛАТА, „ЛАЈКА“ 113.000 ЕВРА ЗА ДА ПЛАТИ СМЕТКИБез субвенциите, 500 вработени во „Паркови и зеленило“ ќе останеа без плата. (Фото: Паркови и зеленило)

    Пола милион евра се пренаменија од буџетот на Град Скопје за субвенции на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Лајка“. На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, по барање на советничките групи на СДСМ и ДУИ беше предложено да се дадат субвенции во висина од 25 милиони денари или 400.000 евра на „Паркови и зеленило“, за да може да подели плата на вработените.

    „Во ова претпријатие се вработени околу 500 лица и ако не се дадат субвенции од Градот овие луѓе нема да може да земат плата овој месец“, кажа координаторката на советничката група на СДСМ Љубица Јанчева.

    Градоначалничката Данела Арсовска побара субвенции да се доделат на ЈП „Лајка“ поради потешкотии во работењето.

    „Во моментов постојат повеќе побарувања од разни субјекти по разни основи кон јавното претпријатие кои треба да се подмират. Доколку истите не се платат, претпријатието може да се доведе во незавидна ситуација“, стои во образложението на одлуката за субвенционирање на „Лајка“.

    Двете одлуки за субвенционирање беа усвоени едногласно од сите советници во Советот на Град Скопје.

    Во октомври, Град Скопје даде  2 милиона евра субвенции на ЈСП „Скопје“ откако возачите престанаа да возат бидејќи немаа земено плата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира