ПАТНИЦИТЕ ДА НОСАТ МАСКИ ВО АВТОБУСИТЕ, БАРААТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“

    ПАТНИЦИТЕ ДА НОСАТ МАСКИ ВО АВТОБУСИТЕ, БАРААТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“Никој од патниците во јавниот превоз не носи маски. (Фото: СДК.МК)

    Патниците кои се возат во автобусите од јавниот превоз во Скопје да носат маски, апелираат од ЈСП „Скопје“. Откако Владата ги укина сите мерки за заштита од ковид-19, речиси никој од патниците во јавниот превоз не носи маски.

    Од претпријатието велат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.

    Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Изминативе две недели бројките на позитивни на ковид-19 се во пораст. Комисијата за заразни болести минатата недела препорача да се носат маски на затворен простор оти ковидот пак брзо се шири.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира