ПО 85-ГОДИШНИОТ МАЖ ОД БИТОЛА, ОД КОВИД-19 СЕ ИЗЛЕЧИ И 85-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ПРИЛЕП

    ПО 85-ГОДИШНИОТ МАЖ ОД БИТОЛА, ОД КОВИД-19 СЕ ИЗЛЕЧИ И 85-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ПРИЛЕПОд Општата болница „Борка Талески“ од Прилеп каде таа се лекуваше на Инфективното одделение, на социјалните мрежи објавија фотографија од излекувана пациентка.(Фото: СДК.МК)

    85-годишната Елена Макалоска од Прилеп го победи коронавирусот. Од Општата болница „Борка Талески“ од Прилеп каде што таа се лекуваше на Инфективното одделение, на социјалните мрежи објавија фотографија од излекувана пациентка. Пациентката пресреќна што успеала да се излекува посакала да се фотографира со дел од медицинскиот персонал.

    „Денес имаме причина за славење, најстариот излекуван пациент од КОВИД-19 во нашето инфективно одделение е 85-годишната Елена Макалоска“, напишаа докторите од прилепската болница.

    Минатата недела и во Клиничката болница во Битола беше излекуван 85-годишен пациент, кој бил сместен во Домот за стари лица „Сју Рајдер“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира