ПО БАРАЊЕ НА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ИМ ДАДЕ ПО 10.000 ДЕНАРИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО 

    ПО БАРАЊЕ НА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ИМ ДАДЕ ПО 10.000 ДЕНАРИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО За одлуката покрај советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа и советниците од Левица; - Од нападот на Собранието на 27 април 2017. (Фото: СДК:МК)

    Општина Битола ќе додели по 10.000 денари семејствата на осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Оваа иницијатива насловена „Помош за семејствата на неправедно осудените“ беше поднесена на денашната седница на Советот на Општина Битола од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. За неа покрај советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа и советниците од Левица. Советниците од СДСМ и од Поинаку не присуствуваа на седницата.

    Советничката на ДОМ Анастасија Трајковска изјави дека ќе се изземи од гласање зашто Советот не е место кое може да суди дали е некој неправедно или праведно осуден.

    Советникот од Левица Гаврил Трајковски од говорници критикуваше дека ова е најлицемерната точка во историјата на Советот и дека не  ѝ е местото на дневен ред. Но, двајцата советници на Левица гласаа „за“ и рекоа веруваат дека на овие семејства вистински им е потребна помош.

    Во организараниот напад на Собранието кој се случи на 27 април 2017, околу 300 лица маскирани упаднаа во Собранието за да го спречат изборот на Талат Џавери за претседател на Собранието. Лицата беа пропуштени во собраниската зграда, а имаше нападнати пратеници и новинари.  Во судскиот процес, 16 лица беа осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира