ПОЛИЦИЈАТА И ПАЈАКОТ ПУШТААТ КОЛИ СЛОБОДНО ДА СЕ ПАРКИРААТ НА ПЕШАЧКАТА УЛИЦАТА НИКОЛА ВАПЦАРОВ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ

    ПОЛИЦИЈАТА И ПАЈАКОТ ПУШТААТ КОЛИ СЛОБОДНО ДА СЕ ПАРКИРААТ НА ПЕШАЧКАТА УЛИЦАТА НИКОЛА ВАПЦАРОВ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕКолите слободно се паркираат, бидејќи нема ниту полиција да казнува, ниту пајак служба. (Фото: СДК.МК)

    Пешачката улица Никола Вапцаров, која излегува на Плоштадот Македонија во строгиот центар на Скопје, постојано е блокирана со коли. Преку ден е затната со комбиња за дотур на стока, а навечер од коли на граѓани кои откако ќе затворат кафулињата се шешаат на Плоштадот.

    Колите слободно се паркираат, бидејќи нема ниту полиција да казнува, ниту пајак служба.

    Од Општина Центар велат дека се запознаени со овој проблем и размислуваат да постават рампа со што ќе биде дозволен влез само за жителите на околните згради.

    Пред два дена, жител на Арачиново со возило „бентли“ преку новогодшниот тунел влета на Плоштадот Македонија, минувајќи низ групи граѓани кои се сликаа со новогодшните украси.

    Градоначалникот Петре Шилегов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рекоа дека го нашле лицето и го казниле со 45 евра. Шилегов призна дека казната е мала и најави дека ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи имало елементи на загрозување на безбедноста.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира