ПОЛНИ МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ ВО СТРУГА И ОХРИД, ИНТЕРНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ПОВТОРНО СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА КОВИД-ЦЕНТРИ

    ПОЛНИ МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ ВО СТРУГА И ОХРИД, ИНТЕРНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ПОВТОРНО СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА КОВИД-ЦЕНТРИВо струшката Болница има 32 хоспитализирани пациенти и има само три слободни кревети, додека во болницата во Охрид се лекуваат 32 лица а слободни места има за уште осум пациенти.(Фото: СДК.МК)

    Болничките кревети во модуларните болници во Охрид и Струга се исполнија со ковид пациенти. Во струшката Болница има 32 хоспитализирани пациенти и има само три слободни кревети, додека во болницата во Охрид се лекуваат 32 лица а слободни места има за уште  осум пациенти.

    Седум од хоспитализираните во Струга и 4 во Охрид биле вакцинирани со две дози и тие се стабилни и со полесна клиничка слика.

    Од Болницата во Струга велат дека 22 пациенти се на кислородна поддршка, а најмладиот има 38 години.

    „Кадровскиот потенцијал добро се менаџира, имаме распоред, ротираат. Имаме еден инфектолог, седум интернисти, но имаме зајакнување од специјализанти кои што се вратени и се вклучени во справување со ситуацијата“, вели Арменд Арслани директор на струшката Болница.

    Арслани додава дека се прават подготовки Интерното одделение, каде има дополнителни 30 кревети за згрижување на позитивни пациенти, повторно да биде ковид-центар.

    „Го имаме и интерното одделение кое е подготвено и располага со 30 кревети од кои 7 се снабдени со централен довод на кислород. Моментално таму немаме хоспитализирани пациенти позитивни на коронавирусот“, вели Арслани.

    Во Струга во моментов има 322 активни случаи на коронавирусот, а во Охрид 303.

    С. ВРЕНЦОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира