ПОПРАВЕТЕ ЈА СОНДАТА ОТИ НЕ ЗНАЕМЕ КАКОВ ВОДУХ ДИШЕМЕ, БАРААТ ЕКОЛОГИСТИТЕ ОД ВЕЛЕС

    ПОПРАВЕТЕ ЈА СОНДАТА ОТИ НЕ ЗНАЕМЕ КАКОВ ВОДУХ ДИШЕМЕ, БАРААТ ЕКОЛОГИСТИТЕ ОД ВЕЛЕСАвтоматската мерна станица Велес 2 на Министерството за животна средина од 1 февруари е по третпат во прекин зимава (Фото: СДК.МК)

    Од почетокот на месецов пак не работат мерните инструменти  на Министерството за  животна средина и не ги регистрираат ПМ10 честичките во воздухот во Велес. Тоа се случува секогаш кога ќе заврне дожд, па влагата влијае  овие честитчки да не се мерат, за разлика од чадот и ЅО2, чии вредности се бележат. Ова беше  причина да реагираат и од еколошкото друштво Вила Зора од Велес.

    „Изразуваме јавна реакција поради повторниот дефект на сондата за мерење на концентрацијата на ПM10 честичките на станицата Велес 2.  Сметаме дека надлежното Министерство треба да ја замени сондата, со цел да се врши редовен мониторинг на концентрациите на штетните честички во воздухот, слично како и во другите градови во Македонија.  Очекуваме итна замена на сондата и решавање на проблемот“, пишува во писмената реакција на Вила Зора.

    Автоматската мерна станица  Велес 2  зимава повеќе не работи  отколку што е  во функција. Не работеше седум дена, од 1 до 8 декември, потоа цел месец, од 27 декември до 27 јануари. Во прекин е повторно од  1 февруари. Се случува  нејзините резултати да предизвикуваат реакции кај јавноста, оти имаше часовни пикови кои стигнуваа и до илјада мг на  кубен метар, вредности кои потоа беа бришени, а граѓаните беа во дилема каков воздух дишат. Претходно реагираа и од еколошкото друштво Зелена сила.

    „Во зимава во најголемото загадување, ние не знаеме  каков воздух дишеме. Мерните инструменти повеќе грешат, не работат и не покажуваат каков е квалитетот на воздухот, што е недозволиво“, рече Игор Смилев од Зелена сила.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира