ПОСТАВЕНА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ, ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА АРСОВСКА ЗА НОВА ГОДИНА УШТЕ ЈА НЕМА

    ПОСТАВЕНА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ, ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА АРСОВСКА ЗА НОВА ГОДИНА УШТЕ ЈА НЕМАОд каде се обезбедени новогодишните украси и дали Градот платил за тоа и колку не е соопштено. (Фото: К. Попов)

    На Плоштадот Македонијаво Скопје викендов беше поставена новогодишна елка. Покрај елката, на Плоштадот поставени се и десетина новогодишни куќарки во кои се продаваат пијалоци и украси, како и детски реквизити. Светилки се поставени над елката и куќарките, како и на дрвјата наоколу. Други новогодишни украси нема низ центарот на градот. Град Скопје не е соопшт од каде се обезбедени новогодишните украси и дали платил за тоа и колку.

    На Плоштадот се поставени и детски реквизити. (Фото: СДК.МК)

    Прес-конференцијата во врска со Нова година, која градоначалничката Данела Арсовска уште кон крајот на ноември рече дека ќе ја одржи, уште ја нема. Не се знае дали ќе има дочек и ако има кој ќе пее, дали годинава за разлика од лани ќе дојде Дедо Мраз и ќе има новогодишна програма за деца.

    Арсовска ниту лани не одржа прес-конференција за Нова година, туку преку видео обраќање кажа дека градот ќе биде украсен со донации од фирми. За програмата за дочек беше испратено соопштение до медиумите од нејзиниот кабинет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира