ПРЕГАЗИЛ ПОЛИЦАЕЦ НА ПРВОМАЈСКА ВО СКОПЈЕ КОГА ГО ЗАСТАНАЛ ЗА БРЗО ВОЗЕЊE

    ПРЕГАЗИЛ ПОЛИЦАЕЦ НА ПРВОМАЈСКА ВО СКОПЈЕ КОГА ГО ЗАСТАНАЛ ЗА БРЗО ВОЗЕЊEОд Министертсвото за внатрешни работи велат дека повредениот полицаец бил пренесен во Клиничкиот центар, а лицето кое управувало со возилото и сопатникот биле фатени и уапсени. (Фото: МВР)

    Полицаец синоќа бил прегазен од возач во скопска Кисела Вода кога се обидел да го сопре поради брзо возење.

    Во акцијата на Министерството за внатрешни работи  полициска патрола на улицата Првомајска застанала возач на автомобил за кој било регистрирано дека возел со поголема брзина од дозволеното. Но, возачот на знакот не застанал туку продолжил да вози со иста брзина при што го прегазил полицаецот со колата.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека повредениот полицаец бил пренесен во Клиничкиот центар, а лицето кое управувало со возилото и сопатникот биле фатени и уапсени.

    „Полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира