Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ му порачаа на премиерот Зоран Заев дека поттикнува криминал и корупција на градежната мафија со неговата изјава дека лично ќе се заложи случајот со хотелот во Лагадин да се заврши во корист на инвеститорот.
„Со вчудоневиденост ја проследивме јавната вербална комуникација на премиерот Заев со инвеститорот на спорниот хотел во Лагадин, со која сметаме дека тој отворено се стави во улога на поттикнувач на еден од најтешките облици на корупција и криминал, кој ние граѓаните на оваа земја го именуваме како градежна или урбанистичка мафија. Видовме и слушнавме како премиерот му ветува на чичко Никола, со кого си разменувале приватни смс-пораки, дека тој лично ќе се погрижел градбата на неговиот криминален хотел непречено да продолжи“, се вели во соопштението на Здружението за заштита и зачувување на интегритетот на село Лагадин „Стар Лагадин“.
Од Здружението објаснуваат дека кон крајот на 2015 година од страна на структури на тогашната власт на локално и државно ниво незаконски бил суспендиран постоечкиот урбанистички план за населбата Лагадин со донесување на т.н. Општ акт со кој, со игнорирање и прекршување на дузина законски и уставни одредби, се овозможи не само почнувањето на градбата на овој хотел туку и натамошна тотална урбанистичка деструкција на населбата Лагадин. Со таквиот акт населбата претрпи трансформација налик на онаа која се му случи на скопското Дебар маало.
Во април 2017 година Здружението покрена инцијатива во Уставниот суд за поведување на постапка за оценување на законитоста на Општиот акт за село Лагадин и негово поништување.
„Иницијативата ја поткрепивме со експертиза на врвен експерт и судки вештак од областа на урбанизмот како и правно мислење на реномирана адвокатска канцеларија. Произнесувањето на Уставниот суд очекуваме да се случи набргу, во текот на овој или наредниот месец. Напоменуваме дека поништувањето на Општиот акт ќе подразбира и отстранување на градбата на тој хотел. Не можеме да веруваме дека премиерот не бил запознаен со оваа околност, бидејќи со неа го имаме запознаено министерот Сугаревски кој беше исто така присутен на настанот во Охрид. Убедени сме дека правото и правдата се на наша страна и дека нашите сегашни и идни заложби се придонес во справувањето со корупцијата “, велат од Здружението „Стар Лагадин“.
- ЏАБЕ СЕ БУНАТ, ХОТЕЛОТ ВО ЛАГАДИН Е ЗАВРШЕНА РАБОТА, ВЕЛИ В. Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ГЕОРГИЕСКИ
-
ЗАЕВ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ПОМОГНЕ ДА СЕ ДОГРАДИ ХОТЕЛОТ ВО ЛАГАДИН ШТО ПРЕКРШИ 12 ЗАКОНИ
-
ПРЕМИЕРОТ НЕ СМЕЕ ДА ОЗАКОНУВА КРИМИНАЛНИ ГРАДБИ ВО УНЕСКО РЕГИОН, МУ УКАЖА „ОХРИД СОС“ НА ЗАЕВ
Премиерот Зоран Заев на први февруари на трибина во Охрид му вети на инвеститорот на хотелот во Лагадин што прекрши 12 закони дека ако треба лично ќе ја донесе Второстепената комисија и ќе го реши случајот.
Одобрението за градба на хотелот, кој почна да се гради на во 2016 година во време кога градоначалник беше Никола Бакрачески, е поништено од Општина Охрид, а против изградбата на хотелот, која е надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се кренаа бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата во повеќе наврати, во знак на револт го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум. Барање за стопирање на градбата имаше и општинската организација на СДСМ со образложение дека се работи за градба во заштитен појас на помалку од 50 метри од брегот на природно езеро.
Вчера в.д. градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески изјави дека невладините организации, активистите, граѓаните за објектот кај Лагадин требало да делуваат кога се носел Деталниот урбанистички план, а сега кога веќе планот е донесен работата е завршена.
- ТРИ ПАТИ Е ПОНИШТЕНО РЕШЕНИЕТО ЗА ГРАДБА НА ХОТЕЛОТ КАЈ ЛАГАДИН, КАЖА ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СТОЈАНОВСКИ ПО ПРОТЕСТОТ ПРЕД ОПШТИНАТА
-
ХОЛАНДСКИОТ ТУИ НЕ Е ИНВЕСТИТОР НА ДИВИОТ ХОТЕЛ ВО ЛАГАДИН ШТО ПРЕКРШИ 12 ЗАКОНИ
А. АНТЕВСКА