РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ И НОВИ БУЛЕВАРИ, ДЕЛ ОД КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021

    РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ И НОВИ БУЛЕВАРИ, ДЕЛ ОД КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021Буџетот на Град Скопје за 2021 е за 8,5 отсто помал од оваа година.(Фото:К.Попов)

    За 8,5 отсто помал ќе биде буџетот на Град Скопје за 2021 година во однос на овогодинешниот. Вкупниот буџет ќе биде 117 милиони евра, додека основниот 70,5 милиони евра. Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов намалувањето на буџетот се должи на пандемијата на ковид-19 и е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност.

    „Меѓу капиталните проекти за наредната година е реконструкција на Универзална сала, изведба на системот за паметно осветлување, изградба на Луна парк, реконструкција и изградба на нови булевари и улици, уредување не кејот на реката Вардар од двете страни, поставување спортски содржини на отворено, подигнување на ново зеленило. За капиталните проекти предвидени се 40 отсто од средствата во буџетот“, кажа градоначалникот Петре Шилегов.

    Со буџетот за наредната година се предвидуваат и пари за субвенции за јавните претпријатија поради потешкотии во работењето, уредување на тврдината Кале и Кејот 13 Ноември, изградба на кружен тек и клучка кај Момин Поток, субвенции за инвертери и велосипеди, изградба на зелени кровни површини, реконструкција на фасади, изградба на нови паркови како и детски адреналински парк.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира