СДСМ, ВМРО И ДПА УШТЕ СЕ ВО ИЗБОРНА ТРКА ПО ТЕТОВСКИТЕ УЛИЦИ

    СДСМ, ВМРО И ДПА УШТЕ СЕ ВО ИЗБОРНА ТРКА ПО ТЕТОВСКИТЕ УЛИЦИИако партиите што учествуваа во изборите имаа законска обврска еден месец по завршувањето на изборниот циклус да го отстранат јавно поставениот пропаганден материјал, тоа засега го имаат направено само ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците (Фото: З. Андонов)

    Поминаа три месеци од завршувањето на локалните избори, а низ тетовските улици и на бандерите уште може да се види излепен и најчесто испокинат, пропаганден материјал. Висат банери преку улиците, на плакатите стојат објави за митинзи, а на градскиот плоштад има и два огромни билборди со ликот на еден од кандидатите за градоначалник.

    најмногу неотстранет пропаганден материјал има од ВМРО ДПМНЕ (Фото: З. Андонов)

    Иако партиите што учествуваа во изборите имаа законска обврска, еден месец по завршувањето на изборниот циклус да го отстранат јавно поставениот пропаганден материјал, тоа засега изгледа го имаат направено само ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците бидејќи, барем во централното градско јадвор, не може да се забележи никаков нивни пропаганден материјал.

    За разлика од изборите во некои минати години, за локалните избори во октомври 2017  партиите како ретко досега имаа малку поставен пропаганден материјал низ градот

    Од другите партии најмногу неотстранет пропаганден материјал има од ВМРО ДПМНЕ.

    На градскиот плоштад во Тетово над седиштето на ДПА поставени се три големи билборди, на кои е претставен ликот на кандидатот за градоначалник од редовите на оваа партија (Фото: З. Андонов)

    „Овој пропаганден материјал требаше досега да биде отстранет, но не е направено само од технички причини. Деновиве беа повеќе празници па не стасавме, но во најкраток можен рок ќе ги одстраниме сите банери и постери. Мислам дека веќе во наредната недела ќе ја завршиме оваа работа“, вели Александар Велјаноски, носител на советничката листа од ВМРО ДПМНЕ за Општина Тетово.

    И од СДСМ дадоа сличен одговор и ветување дека останатиот пропаганден материјал брзо ќе биде отстранет.

    „Станува збор за мал пропуст на претходното општинско раководство на СДСМ. Ние, новоизбраното раководство, расправавме за ова и сите заостанати плакати, банери и друг пропаганден материјал од последниве избори ќе биде отстранет во наредниве 10 дена“, рече Бобан Видоески од ОК на СДСМ од Тетово.

    На градскиот плоштад во Тетово над седиштето на ДПА поставени се три големи билборди, на кои е претставен ликот на кандидатот за градоначалник од редовите на оваа партија. Освен тоа и на неколку места околу плоштадот со графити по ѕидовите испишан е пропаганден материјал од последните избори. И покрај настојувањата, не успеавме да стапиме во контакт со преставници од ДПА за да добиеме информација дали и кога ќе се острани пропагандниот патеријал. И во минатите години овие билборди на градскиот плоштад беа истакнувани ликовите на кандидатите од партијата и тие таму стоеја од еден до друг изборен циклус.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира