СЕ НАДЕВАМ ДОГОВОРОТ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ СПОГОДБЕНО ЌЕ СЕ РАСКИНЕ, СКОПЈЕ НЕМА ДА БИДЕ ТАЖНО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ, РЕЧЕ АРСОВСКА  

    СЕ НАДЕВАМ ДОГОВОРОТ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ СПОГОДБЕНО ЌЕ СЕ РАСКИНЕ, СКОПЈЕ НЕМА ДА БИДЕ ТАЖНО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ, РЕЧЕ АРСОВСКА  Арсовска вели дека не може да има новогодишно украсување на градот од 240,000 евра кога можни се рестрикции на струја и да нема светло на улиците. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се надева дека со  фирмата „Линк медиа плус“ спогодбено ќе се раскине договорот за новогодишно украсување. Таа на денешниот брифинг со новинарите кажа дека не може да има новогодишно украсување на градот од 240,000 евра кога можно е да имаме  рестрикции на струја и да нема светло на улиците.

    „Како ќе светат светилките кога ќе нема струја? Неприфатливо е секоја година да се трошат 240.000 евра за новогодишно украсување. Може за многу помалку пари Скопје да има новогодишен амбиент, кој вика дека ќе биде тажно ако нема такво новогодишно украсување? Јас се надевам дека фирмата со која е склучен договорот ќе биде општествено одговорна и ќе има разбирање да се раскине договорот“, кажа Арсовска, не кажувајќи дали Градот ќе плати пенали ако во оваа фаза го раскине договорот без согласност на другата страна.

    Од кабинетот на Арсовска вчера соопштија дека ќе го раскинат договорот за новогодишно украсување и дека од наредната година нема да се ангажира приватна фирма и да се трошат толку многу буџетски пари, туку Градот ќе купи свои новогодишни украси и светилки.

    Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа плус“ и чини 240.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира