СЕ НАПОЛНИ МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ШТИП, 70 ОТСТО ОД БОЛНИТЕ СЕ НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА

    СЕ НАПОЛНИ МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ШТИП, 70 ОТСТО ОД БОЛНИТЕ СЕ НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКАМодуларната болница во Штип пред еден месец се испразни, но денеска пак ја достигнува максималната бројка од 47 хоспитализирани. (Фото: СДК.МК)

    Изминатава недела во Штип постојано се зголемува бројот на новозаболените од ковид-19.  Ако продолжи дневниот тренд на хоспитализирани, може да се очекува овој викенд да се исполни максималниот капацитет на модуларната болница која е за 47 пациенти.

    „Модуларната болница речиси е исполнета. Денешниот број на хоспитализирани е 44 пациенти од кои 70 насто се на кислородна поддршка. Вчера и денеска биле извршени над 70 амбулантни прегледи. За да има простор за болните со потешка клиничка слика, пациентите чие здравје се подобрува ќе бидат префрлени на Кожното одделение, кое и во првиот бран хоспитализираше пациенти со ковид-19“, вели раководителката на Инфективното одделение во Штип Дијана Шишкова.

    Амбулантски прегледи и хоспитализирање има и на болни од соседните градови. Во регионот се евидентирани 530 активни случаи.

    Најголем дел од активните и хоспитализираните се лица кои не примиле ниту една вакцина.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира