СЕ ЗАПАЛИЈА ИНСТАЛАЦИИТЕ ОТИ ПРОКИСНА ПОКРИВОТ ВО КАТНАТА ГАРАЖА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, ОБЈЕКТОТ БЕЗ СТРУЈА ЕДЕН МЕСЕЦ

    СЕ ЗАПАЛИЈА ИНСТАЛАЦИИТЕ ОТИ ПРОКИСНА ПОКРИВОТ ВО КАТНАТА ГАРАЖА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, ОБЈЕКТОТ БЕЗ СТРУЈА ЕДЕН МЕСЕЦПо дождовите минатата недела, вода од покривот прокиснала во собата за струја при што сите инсталации се запалиле, штетата е околу 20 илјади евра. (Фото: К. Попов)

    Десетина дена катната гаража на Општина Центар, веднаш до Кривичниот суд, и деловниот објект во склоп на неа немаат струја и не работат. По дождовите минатата недела, вода од покривот прокиснала во собата за струја, при што сите инсталации се запалиле. Како што вели директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) Васко Кичевски, станува збор за голем дефект и најмалку уште 20 дена зградата ќе биде неупотреблива.

    „Причина за пожарот и овој голем дефект е лоша изведба на изведувачот АД ’Бетон’. При градењето, спојот меѓу делот од катната гаража и деловниот објект е лошо направен, па вода нон-стоп прокиснува, но овој пат дојде до голема штета. Се запалија сите инсталации. Работиме во супстандарди услови поради грешките на минатото раководство од ВМРО-ДПМНЕ, кои го градеа објектот“, вели директорот Кичевски.

    Кичевски вели дека првичните проценки се оти штатата е околу 20 илјади евра и најавува дека Општина Центар ќе поднесе тужба за изведувачот АД „Бетон“.

    Санацијата на дефектот, односно комплетно менување на целата инсталација, ќе трае околу 20 дена. До тогаш, Центарот за грижа за корисници на ПОЦ е префрлен во Канцеларијата за млади на Општина Центар, кај Зелен пазар. Таму ќе може да се продолжуваат договорите за паркирање. Катната гаража исто така не работи, односно до санирање на дефектот во неа паркирањето ќе биде бесплатно.

    Катната гаража на Општина Центар беше пуштена во употреба во 2013, кога градоначалникот беше Владимир Тодоровиќ. За нејзината изградба беа потрошени 5,6 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира