СЕДУМНАЕСЕТ ТРАКТОРИ ЃУБРЕ СОБРАНИ ЗА ТРИ ДЕНА ЧИСТЕЊЕ ПО ПРВОМАЈСКИОТ ИЗЛЕТ ОКОЛУ ВЕЛЕС

    СЕДУМНАЕСЕТ ТРАКТОРИ ЃУБРЕ СОБРАНИ ЗА ТРИ ДЕНА ЧИСТЕЊЕ ПО ПРВОМАЈСКИОТ ИЗЛЕТ ОКОЛУ ВЕЛЕСХартија, пластични шишиња, искршени и неупотребливи викенд столчиња, заборавени скари се дел од сметот по првомајскиот празник на излетничките места во околината на Велес. (Фото: СДК.МК)

    Три дена комуналците од велешкото Јавно комунално претпријатие „Дервен“ го чистеа сметот што посетителите го оставија по првомајскиот празник на излетничките места во околината на Велес, при што се  собрани 17 трактори со отпадоци. На Езерото Младост и во долниот тек на реката Бабуна,  биле собрани 25 кубни метри ѓубре.

    Повеќето од сметот беше покрај брегот на Езерото каде се работеше два дена, додека помалку покрај реката Бабуна каде се чистеше еден ден. Хартија, пластични шишиња, искршени и неупотребливи викенд столчиња, заборавени скари, се најдоа во стотиците килограми смет кои завршија на градската депонија, велат од „Дервен“.

    Комуналците апелираат на овој простор, кој служи за излет и сега е чист во пресрет на летната сезона, гостите на Езеро Младост да ги користат кантите за отпад, а на Бабуна контејнерите.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари