ШИЛЕГОВ ГО СМЕНИ АВИРОВИЌ, НОВ ДИРЕКТОР НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ Е АРДИЈАН МУЧА

    ШИЛЕГОВ ГО СМЕНИ АВИРОВИЌ, НОВ ДИРЕКТОР НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ Е АРДИЈАН МУЧАМинатиот месец, градоначалникот Шилегов ги смени и директорите на ЈСП „Скопје“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“.(Фото: М. Златевска)

    Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го разреши досегашниот директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ и на негово место го постави Ардијан Муча. Авировиќ ни потврди дека од денеска веќе не е директор на претпријатието.

    „Синоќа сум разрешен и го чекам во мојот кабинет да дојде новиот директор Ардијан Муча, да се изврши примопредавање на функцијата“, вели Авировиќ.

    Авировиќ беше директор на ЈП „Паркови и зеленило“ осум години и  беше назначен на оваа функција од ексградоначалникот Коце Трајановски. Тој е сопруг на пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија, која е координатор на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието.

    Минатиот месец, градоначалникот Шилегов ги смени и директорите на ЈП „Водовод и канализација“, ЈСП „Скопје“ и „Улици и патишта“. Нов директор на „Водовод“ е Душко Весковски, на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков, а на „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира