СИН МИ ИМА ПРАВО ДА СЕ ВРАБОТИ БЕЗ ОГЛАС, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ИЛИОСКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИН МИ ИМА ПРАВО ДА СЕ ВРАБОТИ БЕЗ ОГЛАС, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ИЛИОСКИ

    „И син ми има право да работи“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола Зоран Илиоски, откако се прошири веста дека неговиот син од вчера без оглас се вработил во битолската полиција.

    „Очигледно јас сум топ тема денес во Македонија. Син ми се вработи, тоа го потврди и портпаролот од полицијата, немам друг коментар освен тоа дека и мојот син има право да работи“, ни рече Илиоски во телефонски разговор.

    Портпаролката на битолската полиција беше недостапна, но за други медиуми претходно потврди дека синот на Илиоски од вчера е вработен како приправник во одделот за економски и компјутерски криминал. За тоа дека бил вработен без јавен оглас, портпаролката рекол дека Законот на МВР дозволува такво вработување.

    Вработувањето на синот на пратеникот ги запали социјалните мрежи,каде го обвинуваат за непотизам и велат дека ако сака да си ги вработува домашните тогаш тој треба да се откаже од функцијата.

    Кој е всушност Зоран Илиоски?

    Зоран Илиоски повеќе од десет  години е функционер од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ. Прво беше директор на Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола, советник, координатор на општинскиот комитет на партијата, а последните две години и пратеник во Собранието. Неговата сопруга е вработена во Агенцијата за електронски комуникации, а сега и синот во МВР.

    Неговиот татко Томе Илиоски од пред неколку години е поставен за претседател на Здружението на пензионери во Битола.

    Партиски извори  велат дека и неговиот друг син извесен период работел на проекти на Владата, но Илиоски категорично ги отфрла ваквите информации како неточни велејќи дека тој уште студира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари