СУДОТ ВО КУМАНОВО СО ДВА ПРЕТСЕДАТЕЛА И ЕДЕН ЛАПТОП

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ВО КУМАНОВО СО ДВА ПРЕТСЕДАТЕЛА И ЕДЕН ЛАПТОП

    Основниот суд во Куманово плаќа два претседатела, а има само еден лаптоп за работа на судиите. Поради недостигот од лаптопи во кумановскиот Суд, кој е со проширена надлежност и со голем  број предмети, често се се одлагаат судења, како што беше тоа на 4 октомври на лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинет по приватна тужба од генералниот секретар на ГРОМ на Стефчо Јакимовски поради објавување на разговори од бомбите.Тоа судење се одложи бидејќи единствениот лаптоп во судот на кој требало да се преслуша бомбата, бил зафатен на друго судење.

    Судскиот совет повеќе од една година не го разрешува поранешниот претседател на судот во Киманово Муса Сулејмани, кој лани доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и заврши во притвор. На негово место е назначен в.д. претседател Беџет Елези, а бившиот претседател само е тргнат од работното место, но не и од платниот список.

    Бидејќи платата на претседателите на судовите е над 1.500 евра, грубите пресметки велат дека со разликата од едната од двете претседателски плати и платата на еден судија, месечно овој суд би купувал најмалку по еден лаптоп, или најмалку 13 досега.

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека на Сулејмани му следува целата сума додека не се заврши судскиот процес против него.

    “Против Сулејмани се води кривична постапка. Против него од Судот има изречено забрана за вршење на дејноста. Таа постапка не е завршена. Поради тоа, Сулејмани не е разрешен од местото претседател на Основниот суд во Куманово, туку само е суспендиран. А се додека е така, според законот, тој има право да зема претседателска плата“, вели Караџовски.

    По избивањето на скандалот, Сулејмани прво беше во притвор пет и пол месеци, а откако излезе од притвор, не доаѓа на работа. Тоа создава револт кај вработените, особено кај администрацијата која и покрај неколкумесечните протести не доби ништо.

    “Нас не казнија и за два месеци ни ја намалија платата, а бившиот претседател со кривична пријава го наградуваат. Судскиот совет има пари да плаќа два претседатела, а нема пари за зголемување на нашите плати“, – велат вработени во Судот.

    Тие сметаат дека Сулејмани, кој има уште две години до пензија, морало да биде суспендиран и да добива 60 отсто од платата додека трае судењето, а ако се докаже дека не е невин и се ослободи од обвинението, тогаш да му се исплати разликата во плата и отштета. Прашуваат дали ќе ги врати парите од платата ако обвинението се потврди.

    Сулејмани е уапсен на 8 октомври, минатата година во акцијата “Удар” за кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување. Според тогашни информации на МВР, претседателот соработувал со криминална група од Арачиново што се занимавала со изнуди, лихварство, трговија со дрога и оружје и шверцување мигранти. Организаторот на криминалната група контактирал со претседателот заради посредување во судски предмет за убиство во 2012 година. Притоа, член на семејството дал 24.000 евра за да се ослободи од затвор еден од извршителите. Претседателот примил 19.000 евра, а за возврат давал насоки како да се однесуваат во постапката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира