ТУРКАНИЦИ ЗА ПАКЕТЧИЊА И ДЕДО МРАЗ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

    ТУРКАНИЦИ ЗА ПАКЕТЧИЊА И ДЕДО МРАЗ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНАRодители и деца без почитување на мерката за држење растојание од метар и половина се туркаа за да дојдат до Дедо Мраз и да земат бесплатно пакетче. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во скопската Зоолошка градина денес беше организирано пристигнување на Дедо Мраз и делење новогодишни пакетчиња за децата. Зоолошката беше преполна со родители и деца кои без почитување на мерката за држење растојание од метар и половина се туркаа за да дојдат до Дедо Мраз и да земат бесплатно пакетче.

    Настанот „Новогодишна бајка“ беше најавен на официјалната фејсбук страна на Зоолошката, во кој беше организирана и новогодишна претстава со Дедо Мраз. Во најавата стоеше дека настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено, а носењето маска е задолжително.

    Од Зоолошката градина од почетокот на пандемијата постојано се жалат дека посетителите не ги почитуваат мерките и протоколите односно не држат дистанца и не носат маски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира