УШТЕ ЕДЕН АВТОБУС НА ГАС ПРОБНО ЌЕ ВОЗИ НИЗ СКОПЈЕ

    УШТЕ ЕДЕН АВТОБУС НА ГАС ПРОБНО ЌЕ ВОЗИ НИЗ СКОПЈЕАвтобусот на полската фабрика „Соларис“ ќе сообраќа на линијата број 2 наредниот месец и половина.(Фото: Град Скопје)

    Од денеска уште автобус на гас ќе вози низ Скопје. Автобусот на полската фабрика „Соларис“ со која ЈСП „Скопје“ потпиша договорот ќе сообраќа на линијата број 2 наредниот месец и половина.

    „Автобусот е направен според последните еколошки трендови во оваа индустрија. Троши двојно помалку од постоечките дизел автобуси што ќе ги намали трошоците на претпријатието. Ова е одлична можност Градот да собира искуства кои понатаму ќе ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот превоз. Годинава предвидовме субвенции за ЈСП’Скопје‘ за набавка на еко автобуси од 100 милиони денари и 20 милиони за приватните превозници“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    На линијата број 5 веќе вози автобус на гас од производителот Мерцедес, а наскоро ќе биде пуштен во сообраќај и автобусот на струја на линијата 15.

    Градоначалникот Шилегов рече дека утре ќе биде распишан јавниот повик за доделување на субвенции за велосипеди. Граѓаните кои од утре ќе купат велосипед ќе може да добијат субвенција по принципот прв дојден, прв услужен. Градот ќе субвенционира половина од сумата за купениот велосипед но не повеќе од 3.000 денари. Сумата е намалена за разлика од лани кога максималната субвенција беше 4.000 денари за да може како што кажа Шилегов повеќе граѓани да бидат опфатени, а за прв пат на повикот ќе има средства и за лицата со телесен инвалидитет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира