ВЕЛЕШАНИ МОЖЕ ДА БИРААТ КОЈА ВАКЦИНА ДА ЈА ПРИМАТ ПРОТИВ КОВИД-19

    ВЕЛЕШАНИ МОЖЕ ДА БИРААТ КОЈА ВАКЦИНА ДА ЈА ПРИМАТ ПРОТИВ КОВИД-19На почетокот од месецов бил забележан зголемен интерес за вакцинација на млади од 16-18 години. (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните во Велес кои сакаат да се вакцинираат против ковид-19, имаат можност да избираат со која вакцина ќе бидат вакцинирани.

    „Аплицираме дози од ‘Фајзер’, “Синовак’, и за граѓаните над 60 години ‘АстраЗенека’.  Интересот за прва доза деновиве е намален. Вакциналниот пункт во Уред уште оваа недела ќе работи во две смени, а веќе од сабота нема да има дежурства“, рече д-р Марина Тодоровска, координаторка за вакцинација против ковид-19 во Велес.

    Процентот на вакцинираност во Велешко порасна изминатиот период, откако од 20 јули до крајот на август се вршеше теренска вакцинација. Минатата седмица вонредно се извршила теренска вакцинација по барање на жителите на село Иванковци, при што биле аплицирани 31 прва доза вакцина.

    На почетокот од месецов бил забележан зголемен интерес за вакцинација на млади од 16 и 17 години, како и на 18-годишници, идни бруцоши, кои се запишале на факултет.

    Последните податоци од Министерството за здравство се дека до 11 септември, вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а ревакцинирани се 623.278 граѓани.

    П. ПЕЧКОВ


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира