ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ЈА ОДЗЕМЕ УНИВЕРЗАЛНА САЛА НА АРСОВСКА, ЌЕ ЈА ДОПРАВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ЈА ОДЗЕМЕ УНИВЕРЗАЛНА САЛА НА АРСОВСКА, ЌЕ ЈА ДОПРАВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРАВладата донела одлука Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала бидејќи Арсовска не ја продолжува реконструкцијата. (Фото: К. Попов)

    Владата ќе му ги одземе ингеренциите за Универзална сала на Град Скопје и ќе ја продолжи реконструкцијата. На последната владина седница била донесена одлука Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжува реконструкцијата почната од нејзиниот претходник Петре Шилегов и објектот една година стои разурнат. Парите за реконструкција од 1,9 милиони евра се обезбедени од Владата.

    Денеска за оваа тема закажан е состанок во Град Скопје меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска. Доколку Арсовска не се противи Министерството да ја презема концертната сала, тогаш ќе се донесе одлука за преземање која треба да ја усвои Советот на Град Скопје. Но, доколку градоначалничката не сака да ги предаде ингеренции, тогаш Владата ја одземе со прогласување за објект од национален интерес.

    САКАМДАКАЖАМ.МК изминатава година неколку пати пишуваше дека симболот на Скопје стои разурнат и нема абер да се продолжи реконструкцијата за која пари се обезбедени. Арсовска не ни одговараше на нашите прашање зошто не ги продолжува градежните работи почнати од нејзиниот претходник Шилегов. Таа лани пред Универзална сала се искара со проектантите и претставниците од Асоцијацијата на архитекти. Обвини дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира